19.09.2026

Бигорски Манастир „Св. Јован Крстител“

Бигорскиот манастир е еден од најзначајните православни духовни центри во Македонија. Основан е во XI век и е познат по својот извонреден резбан иконостас, богатата духовна традиција и прекрасната местоположба во долината на реката Радика. Со векови претставува место на молитва, култура и духовно наследство.

Манастир Рајчица „Св. Георгиј Победоносец“

Манастирот Рајчица е женски православен манастир сместен во живописното село Рајчица, во близина на Дебар. Манастирот е обновен во 1999 година и денес е метох на Бигорскиот манастир. Познат е по својата духовна атмосфера, прекрасно уредениот манастирски комплекс и посветеноста на монашкото сестринство. Рајчица претставува едно од најпосетуваните духовни светилишта во Македонија и место кое плени со мир, убавина и традиција.

Вруток

Вруток е живописно село во близина на Гостивар, најпознато како местото каде што извира реката Вардар – најдолгата река во Македонија. Изворот, опкружен со богата природа и кристално чиста вода, претставува една од најубавите природни атракции во земјата. Денес Вруток е омилена дестинација за љубителите на природата и традиционалната македонска кујна.


Опис на патувањето:

  • Поаѓање во 07:30 часот од паркингот пред пошта на железничка. Собирање на група 07:15. Патувањето започнува со панорамско возење низ живописните предели на Националниот парк Маврово. Прва кратка пауза е во Маврови Анови, каде ќе имате можност да уживате во прекрасниот поглед кон Мавровското Езеро. Пристигнување во Бигорски Манастир. Слободно време за разглед на манастирот кој е  познат по својот уникатен резбан иконостас, богатата духовна традиција и прекрасната местоположба во кањонот на реката Радика. По посетата се упатуваме кон посета на Манастирот Рајчица „Св. Георгиј Победоносец“, женски манастир кој плени со својата духовност, мир и уреден манастирски комплекс. Слободно време за разглед на манастирот. Последната дестинација е Вруток, местото каде што извира реката Вардар. Слободно време за прошетка и разглед на изворот на Вардар како и слободно време за индивидуален ручек во некој од локалните ресторани.

  • Поаѓање за Скопје во 18:00 часот 


Понудата вклучува:

  • посета на Вруток

  • посета на Бигорски манастир

  • посета на женски манастир во Рајчица

  • превоз на наведената релација

  • организација и водство на патувањето


Понудата не вклучува:

  • влезници за културно историски споменици

  • индивидуални трошоци

 
Цена: 1000 денари по лице 

* НАПОМЕНА; Распоредот за седење во автобус се прави според датумот на уплата. За избор на седиште се наплаќа 300 денари за патувања во Македонија, 600 денари за патувања во странство.