Еднодневен излет по долината на јоргованите

Ман.Жича, Љубостиња,Краљево и Врњачка бања

07.04.2024

Жича е српски средновековен манастир од првата половина на 13 век, кој се наоѓа во близина на Краљево и припаѓа на жичката епархија на српската православна црква. Ја подигнал тогашниот прв крал на Србија од династијата Немањиќи  а најзначајна улога во неговото подигање имал и неговиот брат Свети Сава. Главната манастирска црква, изградена во рашки стил, посветена на Воскреснување на Христос (Свети Спас), според мислењето на научникот и историчар на уметноста Војислав Ј. Ѓуриќ, кога била завршена црквата, станала пример, и тоа во текот на целиот 13 век, со што во историјата на рашкото градителство, имала клучно место. Внатре во црквата има два слоја на фрески.

Манастирот Љубостиња се наоѓа во близина на Трстеник во атарот на селото Прњавор и 9 километри североисточно од Врњачка бања. Сместе е во долината на малата планинска река. Посвете е на Успение на пресвета Богородица. Манастирот  е граден од 1388 до 1405 година. Во него е погребана кнегињата Милица. Денес Љубостиња претставува женски манастир кој го чуваат и одржуваат околу 50 монахињи. .

Врњачка бања е градска населба во Србија а воедно и општина во Рашкиот округ. Врњачка бања е најголема бања во Србија. Истата се наоѓа во централна Србија на надморска височина од 217 метри и админитративни припаѓа на Рашкиот округ. Одалечена е околу 200 метри од Белград 25 километри од Крањево и 11 километри од Трстеник. Сместена е помеѓу плаините Гоч и Западна Морава. Врњачка бања е туристичко место  која во текот на годината е посетена од бројни туристи. 

 

Опис на програмата:

  • Тргнување во 05:00 часот ( состанок на групата на паркинг наспорти скопски саем кај Хотел вип во 04:45). Се патува преку граничен премин Табановце.Предвидено време за пристигнување во манастирот Љубостиња во утринските часови.
  • Посета и разглед на манастирот. По посетата се упатуваме кон посета на манастирот Жича.  Посета и разглед на манастирот.
  • По посетата се упатуваме кон посета на Краљево,
  • .Посета на Врњачка бања.
  • Предвидено време за тргнување за Македонија од Врњачка бања во 17:00 часот.
 

Понудата вклучува

  • Превоз на наведената релација
  • Посета на манастирот Љубостиња
  • Посета на Манастирот Жича
  • Посета на Краљево
  • Посета на Врњачка бања
  • Организација и водство на патувањето

Понудата не вклучува:
  • Индивидуални трошоци 
  • Влезници за културно историски споменици

Цена: 1500 денари

 

 
ОПШТИ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ:
  • Организатор на патувањето е Мтс Травел Сервис.
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници, организаторот го задржува правото да го откаже во целост патувањето 2 дена пред да започне истото.
  • Организаторот на патувањето не е одговорен за подолгите задржувања на граница и гужвите во сообраќајот кои претходно неможат да бидат предвидени.
  • Организаторот на патувањето не е одговорен за временските услови во текот на патувањето како и во местото за посета. 
  • Во случај на отказ патникот е должен да плати:
  • За отказ до 2 дена пред поаѓање се задржува износ од 90 % од цената на аранжманот
  • За отказ од 3 до 5 дена пред поаѓање се задржува износ од 70 % од цената на аранжманот
  • За отказ од 6-15 дена пред поаѓање се задржува износ од 50 % од цената на аранжманот
  • За отказ преку 15 дена пред поаѓање  се задржува износ од 10 % од цената на аранжманот
  • Организаторот на патувањето не одговара и не надоместува материјална штета доколку патната исправа или лична карта е истечена или заборавена.
  • Организаторот на патувањето не одговара и не надоместува штета за изгубен багаж.
  • Примателот на услугата е должен да ги почитува правилата издадени од страна на возачот и водичот за однесувањето во автобусот.
  • Организаторот на патувањето не одговара за доцнењето на патниците, и не е  должен да ги чека истите.
  • Со уплатата Вие во целост сте согласни со горенаведените Општи услови.