Вила Пасхалиа1 е идеален избор доколку барате сместување во центарот на Геракини и на 100м од песочната плажа. Располага со 1/2, 1/3 и 1/4 студија, сите сместени на првиот кат. Опремени се со клима (вклучена во цената) мини кујна, опремена според бројот на кревети, тераса опремена со маса, столици и тенда, комарници, WI-FI.
НАПОМЕНИ:
* Цените се однесуваат за наем на студио за 7 ноќевања;
* Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, односно исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот издаден од агенцијата. Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест. Единствено, над бројот на кревети е дозволено сместување на едно дете до 5,99 години. (не користи легло);
* Туристичка такса се плаќа во агенција 2 eвра од соба на ден
* Сместувањето во собите е после 14:00 часот локално време, а напуштањето на собите е до 10:00 часот локално време;
* Агенцијата не превзема одговорност за квалитетот на интернет конекцијата во апартманите/студијата;
* Плаќањето се врши во денарска противредност каде 1 евро = 62,00 денари
* Промена на име на патник, термин или сместувачки капацитет без оправдана причина се смета како манипулативен и административен трошок и се наплаќа 620,00 денари (10 евра)
ПОПУСТИ:
* За уплатени два аранжмана 7+7 ноќевања одобруваме вкупен попуст од 5%;
* Различните попусти не се комбинираат, односно не се одобрува попуст на веќе одобрен попуст по друга основа;
* Попустите за рана резервација не се комбинираат со останатите попусти;
РЕЗЕРВАЦИИ И ПЛАЌАЊЕ:
* За сигурна резервација се подразбира исклучиво уплата на 30% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 15 дена пред започнување на аранжманот;
УСЛОВИ ЗА РАНА РЕЗЕВАЦИЈА:
10% на сите термини Уплата 50% од износот на аранжманот;* Доплата до 25.02.2027;* Сите резервации направени или платени после предвидените датуми за рано букирање ќе бидат наплатени по редовни или ревидирани услови и цени актуeлни во периодот на доплата;
ПРЕВОЗ:* Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до влезот на вила Лина;* Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот;
* Агенцијата, распоредот на седење во автобусот го прави 2 дена пред датумот на поаѓање;
* Кога патникот уплаќа превоз, тоа значи дека има обезбедено седиште во превозното средство, а доколку сака да резервира одредено седиште, тоа може да го направи со доплата од 10 евра по лице. Првиот ред на седишта е резервиран за персоналот;
ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ Скопје-Халкидики-Скопје:
* 60 € возрасни (повратен билет), 45 € возрасни (eден правец)
* 45 € деца од 2 - 12 години(повратен билет), 40 € деца од 2 - 12 години(еден правец)
* БЕСПЛАТНО за деца до 2 години (не користи седиште)