12.01.2025

Банско е град во Република Бугарија кој се наоѓа во југозападниот дел и истиот претсавува седиште на истоимената општина Банско. Познат е како важно место посетено от доста туристи претежно во зимскиот период. Во развојот на туризмот допринела старата архитектура на куќите. Во банско денес постојат повеќе од 120 објекти од различни категории за смештај на туристите, а секако тука се и стазите за скијање долги 70 километри. Разноврсни туристички содржини може да сретнете во Банско, а секако после убаво поминатиот ден на планина во Банско може да се опуштите во некоја од многубројните автентични бугарски кафеани.


Опис на патувањето:

  • Собирање на групата во 04:45 на паркингот пред Пошта на железничка Поаѓање за Банско  во 05:00
  • Пристигнување во Банско. Слободно време за индивидуални активности и прошетка низ Банско.
  • Тргнување за Скопје во 16:00 часот

Цена: 1200 денари