Елбасан е еден од најголемите градови во Албанија и е административен центар на истоимената област којашто опфаќа 4 околии: Елбасанска околија, Грамшова околија, Либраждова околија и Пеќинска околија. До почетокот на Втората светска војна, Елбасан личел на типичен османски град, со мешавина на источни и средновековни згради, тесно поплочени улици и голем пазар. Во центарот на градот постои православна црква, а околу 7 километри надвор од градот постои стар манастир и православна црква каде што моштите на Јован Владимир, чувани од 1381 до 1995 година, се префрлени во соборната црква во Тирана
Берат е живописен историски град во југо-централна Албанија и воедно претставува и најубавиот град на територијата на Албанија. Берат е сместен на падините на планината Томор и истиот лежи на бреговите на реката Осум. Берат е една од најстарите населби во Албанија, со најрани траги на живот на жителите кои датираат од периодот на 2600 до 1800 година пред нашата ера. Долгата историја на Берат е всушност е различни цивилизации и луѓе. Градот Берат е формиран од две тврдини од двете страни на реката
Опис на патувањето:
- Поаѓање од паркинг пред пошта на железничка во 05.00 часот (собирање на група 04:45). Пауза за царински формалности и одмор.
- Предвидено време за пристигнување во Елбасан околу 9-10 часот. Слободно време за активности како посета на тврдината во Елбасан и индивидуална прошетка низ градот.
- Во претпладневните часови во договор со групата се упатуваме кон Берат. Слободно време за прошетка и разглед на градот.
- Во 17:00 часот поаѓање за Скопје
Понудата вклучува:
- Посета на Елбасан
- Посета на Берат
- Превоз на наведената релација
- Организација и водство на патувањето.
Понудата не вклучува:
- Индивидуални трошоци
- Влезници за културно историски спомениц
Цена: 1800 денари
* НАПОМЕНА; Распоредот за седење во автобус се прави според датумот на уплата. За избор на седиште се наплаќа 300 денари за патувања во Македонија, 600 денари за патувања во странство.