07.11.2026

Горица или Корча е град и општина во истоимената област во рамките на Горичкиот округ во југоисточниот дел на Албанија. Општината е создадена во 2015 година со спојување на дотогашните општини Дренво, Горица, Лејка, Дворани, Булгарец, Воскоп, и Москополе кои станале општински единици. Сместен е на висроамнина на надморска височина од 850 метри обиколен со планината Морава. Ова е шести град по големина во Албанија.

Oпис на патувањето:
 

  • Поаѓање во 06:00 часот од паркингот пред пошта на железничка, собирање на група 05:45.Пристигнување во манастирскиот комплек Св.Наум, сместен на брегот на Охридското езеро. Посета на манастирот посветен на Свети Наум Охридски, слободно време за разгледување, фотографирање и уживање во прекрасната природа. Продолжување кон Поградец, живописен град на албанскиот брег на Охридското Езеро. Слободно време за прошетка покрај езерото, кафе и индивидуални активности. Патувањето продолжува кон  Корча град познат по својата богата историја, традиционалната архитектура и автентичната атмосфера. Слободно време за прошетка низ центарот на градот, посета на пешачката зона и уживање во локалната понуда. Во 17:00 часот поаѓање кон Македонија. Пристигнување во вечерните часови.

 

Понудата вклучува:
  • Превоз на наведената релација
  • Организација и водство на патувањето 
Понудата не вклучува:
  • Индивидуални трошоци
  • Влезници за културно историски споменици

Цена:1500 денари