Крајова-Божиќна бајка во Романија

19.12.2026

Крајова во предновогодишниот период се претвора во вистинска божиќна бајка. Историскиот центар е исполнет со илјадници светилки, раскошни празнични украси, голема новогодишна елка и традиционални божиќни куќички, создавајќи една од најубавите празнични атмосфери во Романија.


Опис на патувањето:
  • Тргнување од паркинг пред Пошта на железничка, во 21:00 часот на 18.12 (собирање на група 20:45 ч.) Патувањето продолжува преку Србија, со попатни паузи за одмор и царински формалности.Предвидено време за пристигнување во Крајова во утринските часови. По пристигнувањето во Крајова следува обиколка на градот со локален водич, при што ќе ги запознаеме најзначајните знаменитости и убавините на овој прекрасен Романски град. Ќе го посетиме паркот Николае Романеску, еден од најголемите и најубавите паркови во Романија, познат по својата богата вегетација, езерата, мостовите и прекрасните пејзажи.Продолжуваме со посета на споменикот на Карол I Хоенцолерн, првиот крал на Романија, а потоа следува прошетка низ Англискиот парк, каде се наоѓа споменикот на кнезот Александру Јоан Куз, историска личност заслужна за обединувањето на Романија .Во продолжение ќе го видиме и споменикот на Михај Храбриот, еден од најзначајните владетели во романската историја.Разгледувањето продолжува до музичките фонтани и Градската куќа, по што следува слободно време во центарот на Крајова.Слободно време за уживање во Божиќниот базар во Крајова, кој традиционално се одржува во срцето на градот.Централниот плоштад и околните улици се украсени со празнични светилки, тематски декорации и голема елка, а божиќните куќички нудат различни рачно изработени сувенири, украси, подароци, слатки и традиционални специјалитети.Во 18:00 часот , собирање на групата и заминување кон Македонија.Пристигнување во Скопје во доцните вечерни часови.

    Понудата вклучува:

  • Организација и водство на патувањето. 
  • Превоз на дадената релација.
  • Пешачка тура низ центарот на Крајова со локален водич.
Понудата не вклучува:
  • Индивидуални трошоци
  • Влезници за културно историски споменици. 

Цена: 3000 ден од лице
Цена за деца до 10 год: 2500 денари 

* НАПОМЕНА; Распоредот за седење во автобус се прави според датумот на уплата. За избор на седиште се наплаќа 300 денари за патувања во Македонија, 600 денари за патувања во странство.