Лесновски манастир и Кратово
26.04.2025
Кратово e град во североисточна Македонија, сместен во грлото на изгаснат вулкан. Претставува еден од најстарите градови во Македонија и на Балканот. Во 2002 година имал 6.924 жители. Постојат повеќе примери за изворот на името на градот Кратово. Името Кратово доаѓа од местоположбата на градот, кој лежи на вулканска подлога, односно вулкански кратер. Според преданието, градот го добил името по зборовите „кират-ова“, по името на тврдината на бреговите на Кратовска Река, урната од османлиите.
Свети Гаврил Лесновски или Лесновски манастир — манастир во с. Лесново, Пробиштипско, чија главна црква е посветена на Светите Архангели Михаил и Гаврил. Постои мислење дека манастирот бил изграден кога св. Гаврил Лесновски се замонашил или пак по неговата смрт, кога се развил култот за подвижничкиот живот (како што е наведено во краткото негово житие од 1330 година). Времето во кое живеел Гаврил Лесновски не е прецизно утврдено.
Опис на патувањето:
- Тргнување од паркинг пред Пошта на железничка, во 07:30 часот (собирање на група 07:15 ч.)
- Предвидено време за пристигнување во Лесново околу 9 часот со попатни паузи.
- Слободно време за разглед и прошетка низ Лесновски манастир, и посета на Лесновските пештери.
- Поаѓање за Кратово. Разглед низ Кратово и слободно време за индивидуални активности.
- Во 17:00 часот тргнување за Скопје.
Понудата вклучува:
- Превоз на наведената локација.
- Организација и водство на патувањето.
- Посета на Лесновски манастир.
- Посета на Кратово.
Понудата не вклучува:
- Индивидуални трошоци.
- Влезници за културно историски споменици.