Лесновски манастир и Лесновска куќа

10.07.2024

 
Свети Гаврил Лесновски или Лесновски манастир — манастир во с. Лесново, Пробиштипско, чија главна црква е посветена на Светите Архангели Михаил и Гаврил. Постои мислење дека манастирот бил изграден кога св. Гаврил Лесновски се замонашил или пак по неговата смрт, кога се развил култот за подвижничкиот живот (како што е наведено во краткото негово житие од 1330 година). Времето во кое живеел Гаврил Лесновски не е прецизно утврдено. 

Лесновска Куќа е ресторан кој се наоѓа во непосредна близина на Лесновски манастир од чии тераси ќе ви понуди прекрасен поглед на Лесновски манастир како и на преубавата околина околу него.При посетата на Лесновска куќа имате можност да уживате во чистиот планински воздух и вкусната храна која тука се приготвува на традиционален начин.

 

Опис на патувањето:
  • Тргнување од паркинг кај Вип Хотел, наспроти Скопски Саем, во 07:30 часот (собирање на група 07:15 ч.)
  • Предвидено време за пристигнување во Лесново околу 9 часот со попатни паузи.
  • Слободно време за разглед и прошетка низ Лесновски манастир. 
  • По посетата на манастирот групата се упатува кон ресторанот Лесновска куќа на организиран ручек.
  • Тргнување за Скопје во 17:00 часот.

 
Понудата вклучува:
  • Превоз на наведената локација.
  • Организација и водство на патувањето.
  • Посета на Лесновски манастир.
  • Организиран ручек во ресторан Лесновска куќа
 

Цена: 700 денари од лице
 
ОПШТИ НАПОМЕНИ:
  • Организатор на патувањето е Мтс Травел Сервис.
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници, организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 3 дена пред датумот на започнување на истиот.
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот. 
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите.
  • Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример, задржување на граница, гужва во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и слично.
  • За неисправна патна исправа, задоцнување, загубен багаж и откажување на патувањето или промена, агенцијата не одговара и не надокнадува материјална одштета.