Манастир Прохор Пчински, Врање
20.09.2025
Манастирот на свети Прохор Пчински се наоѓа во шумовитите падини на планината Козјак, на левиот брег на реката Пчиња, во непосредна близина на селото Кленика и на само 30 километри јужно од Враење. Според легендата манастирот е изграден од страна на византискиот цар Роман Диоген во 11 век во знак на благодарност на Свети Прохор Пчињски ,којму предвидел дека ќе стане цар. Политичките случувања што се одвиваат кон крајот на 10 и почеток на 11 век оставиле свој белег во овој крај. Со победата на Василиј II над Самоил, Византија успева да си ги врати изгубените територии на Балканскиот Полуостров, а со тоа доаѓа и до реорганизација на политичката и црковната ситуација во регионот.
Опис на програмата:
- Тргнување од паркингот пред Пошта на железничка во 07:30 часот (собирање на група 07:15 ч.)
- Предвидено време за пристигнување во Прохор Пчински околу 09:00 часот.Слободно време за разглед и прошетка низ манастирот.
- Во договор со групата се упатуваме кон Врање.Слободно време за прошетка и разглед на Врање.
- Во 17:00 тргнување кон Скопје.
Понудата вклучува:
- Превоз на наведената релација.
- Организација и водство на патувањето.
- Прошетка и разглед на манастирот Прохор Пчински.
- Посета на Врање.
Понудата не вклучува:
- Индивидуални трошоци
- Влезници за културно историски споменици
Цена: 690 денари