12.11.2023

Рилски манастир е најголемиот и најстар православен манастир на Балканот. Тој се наоѓа во југозападниот дел на планината Рила во Бугарија,на 117 километри јужно од главниот град Софија во длабока долина на реката Рила, на надморска височина од 1.147 метри. Се смета дека креаторот на Рилски манастир е првиот бугарски монах-пустиник Јован Рилски.Овој манастир има примено бројни признанија за неговиот развој и културна и уметничка вредност. Од 1961 година Рилски манастир е претворен во Национален музеј, а УНЕСКО прогласува целиот комплекс за споменик на културата со светско значење.

Опис на патувањето:
  • Тргнување од паркинг кај Вип Хотел, наспроти Скопски Саем, во 05:00 часот (собирање на група 04:45 ч.)
  • Патување преку граничниот премин Деве Баир (Крива Паланка со попатни паузи за царински формалности и одмор.
  • Предвидено време за пристигнување на Рилски Манастир околу 11:00 ч.
  • Време за разглед на манастирот и индивидуални активности.
  • Во попладневните часови тргнување кон Благоевград. Слободно време за индивидуална прошетка низ Благоевград.
  • Посета на шопинг центарот Метро
  • Тргнување за Македонија во 18:00 ч.

Понудата вклучува:
  • Организација и водство на патувањето.
  • Превоз на наведената релација.
  • Посета на Рилски манастир.
  • Посета на Благоевград.
  • Посета на шопинг центар Метро.

Понудата не вклучува:
  • Индивидуални трошоци
  • Влезници за културно историски споменици

Цена: 1300 ден. од лице
 
ОПШТИ НАПОМЕНИ:
  • Организатор на патувањето е Мтс Травел Сервис.
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници, организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 3 дена пред датумот на започнување на истиот.
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот. 
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите.
  • Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример, задржување на граница, гужва во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и слично.
  • За неисправна патна исправа, задоцнување, загубен багаж и откажување на патувањето или промена, агенцијата не одговара и не надокнадува материјална одштета.


Во цената не е вклучено патничко осигурување.