Темишвар- Божиќна бајка во Романија

05.12.2026

Посетете го Темишвар – Бисерот на Банат!

Темишвар во декември добива посебна празнична атмосфера. Историскиот центар е украсен во новогодишен дух, а централните плоштади се исполнети со божиќни куќички, светилки, празнични украси, музика и мириси на зимски специјалитети.


Опис на патувањето:
  • Тргнување од паркинг пред Пошта на железничка, во 21:00 часот на 04.12 (собирање на група 20:45 ч.) Патувањето продолжува преку Србија, со попатни паузи за одмор и царински формалности.Предвидено време за пристигнување во Темишвар во утринските часови. Организирана пешачка тура која ќе започне од Митрополистичката Катедрала, преку плоштадите Победа и Слобода се до Плоштадот Обединување. Овие плоштади во себе кријат посебна архитектура која ќе ве воодушеви, а воедно ќе ве подсети на некои Италијански и Австриски атракции. Преку оваа пешачка тура ќе имате можност да уживате во прекрасите и шарени фасади, исто така ќе имате можност да се запознаете со разни споменици од минатото кои се подсетник за едни не толку убави дамнешни времиња.Во попладневните часови слободно време за уживање во Божиќниот базар во центарот на Темишвар. Ќе имате можност да уживате во празничните куќички, новогодишните украси, традиционалните специјалитети, топли зимски пијалаци, слатки, подароци и празничната атмосфера.Во 18:00 часот поаѓање од Темишвар ,  и заминување кон Македонија.Пристигнување во Скопје во доцните вечерни часови.

     

 

Понудата вклучува:
  • Организација и водство на патувањето. 
  • Превоз на дадената релација.
  • Пешачка тура низ центарот на Темишвар со локален водич.
Понудата не вклучува:
  • Индивидуални трошоци
  • Влезници за културно историски споменици. 

Цена: 3000 ден од лице
Цена за деца до 10 години: 2500 денари 


* НАПОМЕНА; Распоредот за седење во автобус се прави според датумот на уплата. За избор на седиште се наплаќа 300 денари за патувања во Македонија, 600 денари за патувања во странство.