Три земји, три незаборавни дестинации и едно патување исполнето со европски шарм, балкански дух и магични доживувања!
Подгответе се за патување кое ги спојува најубавите приказни на Балканот и Централна Европа! Ве очекува комбинација од богата историја, импозантна архитектура, романтични градски улици и незаборавни панорамски погледи. Од живописниот Белград, преку величествената Будимпешта и нејзините мостови над Дунав, до шармантниот Темишвар со своите прекрасни плоштади и Австроунгарски дух – секоја дестинација носи поинаква приказна и посебна магија. Три различни градови, три различни атмосфери и безброј можности за истражување, уживање, фотографирање и создавање спомени. Спакувајте го куферот и придружете ни се на патување исполнето со нови откритија, убави моменти и вистинско уживање!
1 ДЕН Скопје– Белград (06.03.2027)
-
Состанок на групата на паркингот пред пошта на Железничка во 01:45 часот, поаѓање за Белград во 02:00ч. Ноќно патување, со кратки попатни одмори. Патувањето е преку граничен премин Табановце. Пристигнување во Белград во утринските часови. Разглед на градот каде ќе се посети црквата Св. Сава, ридот Топчидер (панорамски стадионите на „Црвена Звезда“ и „Партизан“), Дедиње, мостот Газела, Бранковиот мост, црквата Св.Марко, улицата Кнез Михајлова, плоштадот на Никола Пашиќ, Теразије, Народниот Театар, Собранието, тврдината Калемегдан – каде и завршува разгледот. Сместување во хотел. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање
2 ДЕН БЕЛГРАД – СЕГЕД ( Суботица, Винарија Звонко Богдан и салаш Јелен) (07.03.2027)
- Појадок . По појадокот се одјавуваме од хотел и заминуваме во Суботица град на северот во Србија близу Унгарската граница. Разглед на градот Гратска куќа импресивна градба во Унгарски сецистички стил, Суботичката синагога една од најубавите во Европа, Католичката Црква Св. Тереза од Авила главна катедрала во градот, Раќајски плоштад и пешачката зона- срцето на градот со кафулиња ресторанти и продавници... Слободно време. Во договорено време се упатуваме кон винаријата Звонко Богдан која се наоѓа недалеку од уникатното Паличко езеро, среде зеленото море од лозја, на која се издвојува шарениот покрив на зграда изградена во панонски стил на арт нуво. Ќе имате можност за обиколка на винаријата Барик подрум каде се чуваат одлежаните вина, салите за дегустација простории со преубав декор и атмосфера, како и ресторантот украсен со локални детали, со панорамски поглед на лозјата. Потоа се упатуваме кон Јелен Салаш опкружен со шуми и рамнини, со локална кујна, кое се простира на површина од 8000 квадратни метри, со вкупно 8 одделни згради. Време за ручек. Во попладневните часови се упатуваме кон Сегед. Сместување во хотел. Ноќевање.
3 ДЕН СЕГЕД – БУДИМПЕШТА (08.03.2027)
- Појадок По појадокот заминуваме за Будимпешта. Kралица на Дунав, преполна со култура која освојува и заведува, преполна со романтични мостови и широки булевари, улички со калдрма, живописни куќи... Ве водиме на панорамско разгледување на градот : Споменикот на Милениумот, Операта, улиците Ваци, Андраши, Ракочи, Парламентот, црквата "Св. Стефан", мостовите на Дунав, Будим, Цитаделата, Кралската палата, црквата "Св. Матејас", Рибарската тврдина... Слободно време за индивидуални прошетки и ручек. Во вечерните часови предлагаме во попладневните часови со можност за факултативно крстарење со брод по Дунав, под прекрасните мостови со можност за единствен поглед од вода на најимпозантните објекти во Будим и Пешта. Веднаш потоа заминуваме за Сегед. Ноќевање
4 ДЕН СЕГЕД – ТЕМИШВАР (09.03.2027)
-
Појадок . По појадокот се одјавуваме од хотел и заминуваме за Темишвар. Следува разглед на градот. Се посетуваат: Плоштадот Победа со карактеристичен молдависки стил, Плоштадот на обединување, Српската православна црква, барокната палата-поранешно седиште на српска Војводина, Римокатоличката катедрала. Слободно време за индивидуални активности. Во договорено време се упатуваме кон трговскиот центар Luilus Town, време за шопинг, Во вечерните часови се упатуваме кон Македонија. Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности.
ПОНУДАТА ВКЛУЧУВА:
- Превоз со високотуристички автобус
- 3 ноќевања со појадок во хотел 3* НП 1 ноќ Белград и 2 ноќи Сегед
- Организација на аранжманот
- Лиценциран туристички придружник
ПОНУДАТА НЕ ВКЛУЧУВА:
- Задолжително патничко осигурување
- Факултативна посета на Винарија Звонко Богдан 20 евра
- Факултативна посета на Будимпешта 35 евра ( задолжително)
- Крстарење по Дунав 25 евра
- Задолжителен разглед на Темишвар и OUTLET SHOPING CENTAR Lulius town 20 евра
- туристичка такса за хотел во Белград 110 ден по лице ( се плаќа во агенција при уплата )
- туристичка такса во Сегед 250 денари од ноќ по лице ( се плаќа во агенција при уплата )
Цена на аранжманот : 165 евра со задолжителна уплата на пакет факултативи 55 евра/ 13640 ден