04.09.2022

Недогледна песочна плажа, пристапни цени, најубави зајдисонца и свежината на Јадранското Море... Голем е одличен избор за летна дестинација.

 

Опис на програмата:
  • Поаѓање во 01:00 часот ( собирање на група во 00:45 од паркинг наспроти скопски саем кај хотел Вип).
  • Ноќно возење со паузи за царински формалности и одмор.
  • Предвидено време за пристигнување во Голем  во утринските часови. 
  • Слободно време за еднодневно уживање. 
  • Враќање во 18:00 часот.
  • Пристигнување во Скопје околу полноќ.

Цена: 1200 денари

ОПШТИ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ:
  • Организатор на патувањето е Мтс Травел Сервис.
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници, организаторот го задржува правото да го откаже во целост патувањето 2 дена пред да започне истото.
  • Организаторот на патувањето не е одговорен за подолгите задржувања на граница и гужвите во сообраќајот кои претходно неможат да бидат предвидени.
  • Организаторот на патувањето не е одговорен за временските услови во текот на патувањето како и во местото за посета. 
  • Организаторот на патувањето го задржува правото да задржи 90% од вкупната уплатена сума доколку патникот го откаже патувањето до 2 дена пред поаѓање.
  • Организаторот на патувањето не одговара и не надоместува материјална штета доколку патната исправа или лична карта е истечена или заборавена.
  • Организаторот на патувањето не одговара и не надоместува штета за изгубен багаж.
  • Примателот на услугата е должен да ги почитува правилата издадени од страна на возачот и водичот за однесувањето во автобусот.
  • Организаторот на патувањето не одговара за доцнењето на патниците, и не е  должен да ги чека истите.
  • Со потпишување Вие во целост сте согласни со горенаведените Општи услови.