Темишвар

27.04.2025

Посетете го Темишвар – Бисерот на Банат!

Темишвар, познат како „Мала Виена“, е совршена дестинација за љубителите на историјата, уметноста и добрата храна. Со својата импресивна архитектура, живописни плоштади и богата културна сцена, овој град нуди незаборавно искуство. Прошетајте се низ Плоштадот на Унијата, уживајте во прекрасните барокни фасади, посетете ја величествената Православна катедрала и откријте ја модерната енергија што Темишвар ја носи како Европска престолнина на културата.
Опуштете се во шармантните кафулиња, вкусете  традиционални романски специјалитети и уживајте во гостопримливата атмосфера. Темишвар е совршен спој на историја, модерност и динамичен дух – место што едноставно мора да се доживее!

Опис на патувањето:
  • Тргнување од паркинг пред Пошта на железничка, во 00:00 часот (собирање на група 23:45 ч.)
  •  Ноќно возење со попатни паузи за царински формалности и одмор.
  •  Предвидено време за пристигнување во Темишвар во утринските часови. Организирана пешачка тура која ќе започне од Митрополистичката Катедрала, преку плоштадите Победа и Слобода се до Плоштадот Обединување. Овие плоштади во себе кријат посебна архитектура која ќе ве воодушеви, а воедно ќе ве подсети на некои Италијански и Австриски атракции. Преку оваа пешачка тура ќе имате можност да уживате во прекрасите и шарени фасади, исто така ќе имате можност да се запознаете со разни споменици од минатото кои се подсетник за едни не толку убави дамнешни времиња. По прошетката ќе имате можност за факултативна прошетка и разглед како и пауза за ручек. 
  • Поаѓање за Скопје во 18:00 ч.

Понудата вклучува:
  • Организација и водство на патувањето. 
  • Превоз на дадената релација.
  • Пешачка тура низ центарот на Темишвар со локален водич.
Понудата не вклучува:
  • Индивидуални трошоци
  • Влезници за културно историски споменици. 

Цена: 2400 ден. од лицe (ПРОМО ЦЕНА)