21.01.2024

Боровец е светски рекреативен скијачки центар на планината Рила. Ситуиран е на надморска височина од 1350 метри е претставува најстаро планинско одморалиште во Бугарија кое постои уште од 1896 година. На 73 километри северно од Софија и на 125 километри од Пловдив. Располага со многу скијачки патеки и ски-лифтови. Највисоката точка на ски- центарот е јастребец на 2369 метри надморска височина од каде што има излез кон Мусала, највисокиот врв на Балканот.

 

Oпис на патувањето:

  • Собирање на групата  во 04:45 на паркинг спроти Скопски саем кај хотел Вип. Поаѓање за Боровец во 05:00.
  • Пристигнување во Боровец. Слободно време за индивидуални активности и прошетка низ Боровец
  • Тргнување за Скопје во 17:00 часот.

Цена: 1200 денари

ОПШТИ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ:
  • Организатор на патувањето е Мтс Травел Сервис.
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници, организаторот го задржува правото да го откаже во целост патувањето 2 дена пред да започне истото.
  • Организаторот на патувањето не е одговорен за подолгите задржувања на граница и гужвите во сообраќајот кои претходно неможат да бидат предвидени.
  • Организаторот на патувањето не е одговорен за временските услови во текот на патувањето како и во местото за посета.
  • Во случај на отказ патникот е должен да плати:
  • За отказ до 2 дена пред поаѓање се задржува износ од 90 % од цената на аранжманот
  • За отказ од 3 до 5 дена пред поаѓање се задржува износ од 70 % од цената на аранжманот
  • За отказ од 6-15 дена пред поаѓање се задржува износ од 50 % од цената на аранжманот
  • За отказ преку 15 дена пред поаѓање  се задржува износ од 10 % од цената на аранжманот 
  • Организаторот на патувањето не одговара и не надоместува материјална штета доколку патната исправа или лична карта е истечена или заборавена.
  • Организаторот на патувањето не одговара и не надоместува штета за изгубен багаж.
  • Примателот на услугата е должен да ги почитува правилата издадени од страна на возачот и водичот за однесувањето во автобусот.
  • Организаторот на патувањето не одговара за доцнењето на патниците, и не е  должен да ги чека истите.
  • Со уплата Вие во целост сте согласни со горенаведените Општи услови.