26.04-01.05

Главниот град на Чешка изобилува со убавини од кои застанува здивот. Прага е убава во секој дел од годината, но најубава е во есен кога сé наоколу е обоено во златни нијанси.

1 ден 26.04.2024  ( петок)

  • Состанок на групата на паркинг карши Еаст Гате кај хотел Вип во 13:30 ч. Поаѓање за Будимпешта во 14:00 h. Се патува преку граничниот Табановце. Ноќно возење со попатни паузи.   

2 ден 27.04.2024 ( сабота )

  • Очекувано пристигнување во Будимпешта во утринските часови. Од тука групата веднаш се упатува на факултативен разглед, кој ќе започне од
    плоштадот на Хероите, Унгарскиот парламент, односно од третата најголема зграда во светот чија изградба траела цели 20 години и тоа исклучиво со
    унгарски материјали. Разгледот го продолжуваме кон Базиликата на Св. Стефан, најголемата црква во Будимпешта изградена во 50-ите години на 18
    век, потоа Плоштадот Елизабета, Мостот Сечени, Жичарата Хил, Замокот Буда кој исто така е познат и под името Кралската Палата, претставувал дом на
    раскошни церемонии за време на Австро-Унгарска империја, а денес прекрасен Музеј на Будимпешта. По разгледот на прекрасниот музеј се упатуваме кон
    црквата Матијаш каде се крунисани Франц Јозеф I и неговата жена Елисавета во 1867 година со што започнува и основањето на Австро-Унгарската империја.
    По разгледот на импозантната црква се упатуваме кон Рибарската Тврдина, прекрасна знаменитост составена од седум кули кои ги претставуваат седумте
    Маџарски племиња. Се наоѓа на врвот на замокот Хил и обезбедува спектакуларен поглед на градот и реката Дунав. По разгледот сместување во
    хотел.Вечерта предлагаме факултативно ноќно крстарење по Дунав. Ноќевање

3 ден 28.04. 2024  ( недела)

  • Појадок. После појадокот, поаѓање за Братислава. Факултативен разглед на градот со локален туристички водич: средовековниот плоштад со Роландовата Фонтана, Михалската порта, Градското собрание, катедралата Св.Мартин, Словачкиот народен театар, барокната палата каде Моцарт ги изведувал своите дела, Палатата Паули во која Франц Лист го одржал својот прв концерт. Сместување во хотел. Слободно време за индивидуални прошетка. Ноќевање.

4 ден 29.04.2024  ( понеделник)

  • Појадок. По појадокот групата се упатува кон Прага. По пристигнувањето групата се упатува кон факултативна посета и разгед на Стариот град со
    локален водич, прекрасниот Карлов мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Карло IV, кралскиот пат, Еврејскиот кварт, Париската улица,
    Старомајскиот плоштад со астроносмкиот часовник Орлој, црквата Лорето, градкста куќа, Прашната кула, Националниот музеј, дворецот Храдчани,
    катедралата Св.Вито. По разгледот сместување во хотел. Слободно време за иднивидуални активности.Вечерта предлагаме факултативно ноќно крстарење
    по В”лтава. Прекрасно вечерно крстарење од каде се поминува низ срцето на Прага. По завршувањето на крстарењето следува слободно време. Враќање во
    хотел. Ноќевање.

5 ден 30.04.2024 ( вторник)

  • Појадок.  Одјавување од хотел.  Слободно време за индивидуални активности. Во попладневните часови поаѓање за Македонија.

 ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ :    199 € / 12,338 Ден.

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  •          Превоз со високотуристички автобус на релација Скопје – Будимпешта-Братислава-Прага – Скопје
  •          Сместување во хотел со 3*,на база  3 ноќевања со појадок
  •          Професионален туристички пратител

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Факултативни излети,влезници,метро карти:
  • Разглед на Будимпешта со локачен водич-10 евра
  • Разглед на Прага со локален водич-10 евра 
  • Разглед на Братислава со локален водич – 10 евра
  • Вечерно крстарење по Дунав-20 евра
  • Вечерно крстарење по В`лтава – 25 евра
  • Патничко осигурување 250 денари

Пакет сите факултативи 65 евра

НАПОМЕНИ:
  • За single соба се доплаќа дополнителни 70% од аранжманот
  • Дете со двајца возрасни плаќа 80% од аранжманот
  • За резервации потребен е аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот.
  •  Т.А. МтсТравел го задржува правото да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.
  • За време на разгледите во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или
    културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени
    објективни причини, како на пр: застој на граница, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.
  •  Плаќањето ќе се врши во денари по курс од 62 мкд за 1€.
  • За реализација на овој аранжман потребни се минимум 50 патници, и важат општите услови на патување на СКТМ и ТА МтсТравел Сервис
  • За секое лице потребен е поединечен валиден пасош со назнака Република Северна Македонија.
  •  Агенцијата го задржува правото на промена за остварување на посетата на местата кои се по избор.
  •  Хотелот се одредува на неколку дена пред тргнувањето во зависност од бројот на пријавени патници.
  •  Во хотелите се влегува на првиот ден од престојот од 14 часот. Организаторот не може да влијае на сместувањето во хотелот.
  • Распределбата на собите се врши на рецепција по пристигнувањето.
  • Агенцијата го задржува правото да направи измена во програмата на патувањето (редоследот поради непредвидени околности)