social imagesocial imagesocial image

Еднодневна посета на Белград

30.03.2024

 Најголемиот и главниот град на Србија - Белград,  ќе ве воодушеви со својот посебен шарм.Лоциран на местото каде се вкрстуваат реките Дунав и Сава, овој град лесно ќе ве натера да се вљубите во него.Градот со многу бујна историја која трае 7000 години, ни дава право да го именуваме во најстариот град во Европа. Moже да го почувствувате преку неговиот богат, културен живот, преку старо- новата архитектура низ улиците , но и преку вкусната храна и гостопримливи домаќини. Често пати Белград е нарекуван град на поздравите. Тука под Калемегдан Дунав ја поздравува Сава, а низ Кнез Михајлова може да ве поздрават фините домаќини. Голем број на туристи веќе ги имаат откриено убавините и богатствата на овој град. Белград е град на разновидноста. Денот може да го поминете со прошетка низ Кнез Михајлова, воодушевувачкиот Калемегдан, да вкусите српска храна во боемските ресторани во познатата Скадарлија, или пак да се подновите со некое парче гардероба во некој од шопинг центрите. Во Белград има места за сечиј вкус. 
 
Опис на патувањето:
  • Тргнување од паркинг кај хотел Вип, наспроти Скопски Саем, во 02:00 часот (собирање на група 01:45 ч.).Ноќно возење со попатни паузи за царински формалности и одмор.
  • Пристигнување во Белград во утринските часови. Панорамски разглед на дел на Белград. 
  • Слободно време за индивидуални активности, прошетка низ Кнез Михајлова, Калемегдан, Скадарлија..
  • Во договорено време со групата се упатуваме кон шопин центар Ушче
  • Тргнување кон Скопје во вечерните часови
Понудата вклучува:
  • Организација и водство на патувањето
  • Превоз на наведената релација
  • Панорамски разглед 
  • Посета на  Ушче

Понудата не вклучува:
  • Индивидуални трошоци
  • Влезници за културно историски споменици

Цена: 1700 денари
 
ОПШТИ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ:
  • Организатор на патувањето е Мтс Травел Сервис.
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници, организаторот го задржува правото да го откаже во целост патувањето 2 дена пред да започне истото.
  • Организаторот на патувањето не е одговорен за подолгите задржувања на граница и гужвите во сообраќајот кои претходно неможат да бидат предвидени.
  • Организаторот на патувањето не е одговорен за временските услови во текот на патувањето како и во местото за посета.
  • Во случај на отказ патникот е должен да плати:
  • За отказ до 2 дена пред поаѓање се задржува износ од 90 % од цената на аранжманот
  • За отказ од 3 до 5 дена пред поаѓање се задржува износ од 70 % од цената на аранжманот
  • За отказ од 6-15 дена пред поаѓање се задржува износ од 50 % од цената на аранжманот
  • За отказ преку 15 дена пред поаѓање  се задржува износ од 10 % од цената на аранжманот 
  • Организаторот на патувањето не одговара и не надоместува материјална штета доколку патната исправа или лична карта е истечена или заборавена.
  • Организаторот на патувањето не одговара и не надоместува штета за изгубен багаж.
  • Примателот на услугата е должен да ги почитува правилата издадени од страна на возачот и водичот за однесувањето во автобусот.
  • Организаторот на патувањето не одговара за доцнењето на патниците, и не е  должен да ги чека истите.
  • Со уплата Вие во целост сте согласни со горенаведените Општи услови.