07.05.2023

Прастари дрвја, тврдина зад чии ѕидови живеат голем број од локалните жители, куќи со тераси од ковано железо, старински врати и прозорци, кафе барови како антикварници  – тоа е Јанина, град во северна Грција во кој се сака и се почитува старото. Иако не е на листата на најатрактивните места во Грција за туристите, бидејќи е на езеро а не на море, Јанина не остава никого рамнодушен што ќе се најде случајно или со цел тука. Со околу 65.000 жители Јанина е повеќевременска оаза на патот кон туристичките центри на Јонското море и самата има аеродром. Како студентски град изобилува со кафе барови и ресторани, а поради бројните туристи, изобилува и со продавници со сувенири. Заштитен знак на Јанина е тврдината од Отоманскиот период која за разлика од таквите во светот, е населена од внатре и обиколена со масивен дрворед од надвор.


Описна патувањето:
  • Поаѓање во 02 часот од карши Еаст Гате кај хотел Вип на паркингот. Собирање на група 01:45. Попатни паузи за царински формалности и одмор.
  • Пристигнување во Јанина. Разглед на градот со можност за прошетка по тесните улички од Јанинската чаршија која изобилува со прекрасни градби од Отоманскиот период,каде што минатото и сегашноста се сретнуваат на едно место. Факултативна посета на островчето кое се наоѓа во езерoто Памвотис, на кое што се наоѓаат шест манастири и музејот на Али Паша.Островчето располага со многу ресторани,каде што се сервираат необични специјалитети.
  • Во договор со групата се упатуваме кон Мецово. Мецово, живописно градче кое што е изградено во форма на амфитеатар на надморска височина од 1200 метри, каде што сите куќи се изградени во традиционален стил од камен и дрво. Слободно време за индивидуални прошетки.
  • Во вечерните часови поаѓање за Македонија


Програмата вклучува:
  • Превоз на наведена релација
  • Пратител од агенција
  • Организација и водство на патувањето
  •  
Програмата не вклучува:
  • Индивидуални трошоци
  • Факултативна карта за брод до островот Ниси- 5 евра 


Цена:1800 денари 
 
 
ОПШТИ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ:
  • Организатор на патувањето е Мтс Травел Сервис.
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници, организаторот го задржува правото да го откаже во целост патувањето 2 дена пред да започне истото.
  • Организаторот на патувањето не е одговорен за подолгите задржувања на граница и гужвите во сообраќајот кои претходно неможат да бидат предвидени.
  • Организаторот на патувањето не е одговорен за временските услови во текот на патувањето како и во местото за посета. 
  • Организаторот на патувањето го задржува правото да задржи 90% од вкупната уплатена сума доколку патникот го откаже патувањето до 2 дена пред поаѓање.
  • Организаторот на патувањето не одговара и не надоместува материјална штета доколку патната исправа или лична карта е истечена или заборавена.
  • Организаторот на патувањето не одговара и не надоместува штета за изгубен багаж.
  • Примателот на услугата е должен да ги почитува правилата издадени од страна на возачот и водичот за однесувањето во автобусот.
  • Организаторот на патувањето не одговара за доцнењето на патниците, и не е  должен да ги чека истите.
  • Со уплатата Вие во целост сте согласни со горенаведените Општи услови.