07.12-10.12.2023

Копаоник еден од поголемите планински венци во Србија. Сместен е во централниот дел на земјата со мал дел во Северно Косово. Копаоник е најважниот скијачки центар во Србија,  со вкупно 25 жичари со капацитет од 32.000 скијачи на час. Tуризмор на планината е претежно од спортски карактер. Преовладуваат зимските спортови како скијањето но се застапени и други спортски активности. Има голем број сместувачки капацитети, кафетерии, барови и ноќни клубови. Од Брзече до скијачкиот центар води кабинска жичарница.

Вила Добродолац се наоѓа во туристичката населба Брзече. Тоа се два објекти кои располагаат со двокреветни соб, трокреветни соби, мини спа, ресторан.  Сите соби се опремени со сопствено WC . Гостите имаат пристап до заедничка дневна просторија. Одалечени се на 300 метри од новата гондола во Брзече и на 15 км од Копаоник. 


Oпис на патувањето:

ПРВ ДЕН ( 07.12 )-  
Собирање на групата  во 13:45 кај хотел Вип на паркингот.  Поаѓање за Копаоник во 14:00 часот. Пристигнување во Брзече- Копаоник во вечерните  часови. Сместување. Вечера. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

ВТОР ДЕН ( 08.12 )-  Појадок. По појадокот слободно време за факултативна прошетка и разглед на Копаоник. Вечера. Ноќевање

ТРЕТ ДЕН ( 09.12 )- Појадок. По појадокот слободно време за факултативна прошетка и разглед на Копаоник. Вечера. Ноќевање.

ЧЕТВРТ ДЕН ( 10.12 )- Појадок. По појадокот напуштање на апартманите. Во попладневните часови поаѓање за Македонија. 

Понудата вклучува:
  • Превоз на дадена релација Скопје-Копаоник-Скопје
  • 3 ноќевања со појадок и вечера во Апартман Добродолац- Брзече,  Копаоник
  • Организација и водство на патувањето. 
Понуда не вклучува:
  • Ски карта
  • Индивидуални трошоци

Цена: 129 евра од лице

Услови за деца:
  • Деца до 2 години ( во придружба на две возрасни лица ) бесплатно
  • Деца од 2 години до 6 години ( во придружба на две возрасни лица ) плаќаат 50 % од дадената цена
  • Деца од 6 до9години ( во придружба на две  возрасни лица ) плаќаат 70 % од дадената цена

ОПШТИ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ:
  • Организатор на патувањето е Мтс Травел Сервис.
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници, организаторот го задржува правото да го откаже во целост патувањето 2 дена пред да започне истото.
  • Организаторот на патувањето не е одговорен за подолгите задржувања на граница и гужвите во сообраќајот кои претходно неможат да бидат предвидени.
  • Организаторот на патувањето не е одговорен за временските услови во текот на патувањето како и во местото за посета.
  • Во случај на отказ патникот е должен да плати:
  • За отказ до 2 дена пред поаѓање се задржува износ од 90 % од цената на аранжманот
  • За отказ од 3 до 5 дена пред поаѓање се задржува износ од 70 % од цената на аранжманот
  • За отказ од 6-15 дена пред поаѓање се задржува износ од 50 % од цената на аранжманот
  • За отказ преку 15 дена пред поаѓање  се задржува износ од 10 % од цената на аранжманот 
  • Организаторот на патувањето не одговара и не надоместува материјална штета доколку патната исправа или лична карта е истечена или заборавена.
  • Организаторот на патувањето не одговара и не надоместува штета за изгубен багаж.
  • Примателот на услугата е должен да ги почитува правилата издадени од страна на возачот и водичот за однесувањето во автобусот.
  • Организаторот на патувањето не одговара за доцнењето на патниците, и не е  должен да ги чека истите.
  • Со уплата Вие во целост сте согласни со горенаведените Општи услови.