26.01.2025

Крушево град во западниот дел на Република Македонија. Тој е градот на некогашната Крушевска Република. Над градот се наоѓа познатиот споменик Македониум. Во опширниот пописен дефтер Н0 4 од 1467/68 година, објавен од Архивот на Македонија, се наоѓа најстариот помен за Крушево, кога нему, како мезра, му било дадено на спахијата Хусеин-бег, заедно со Прилеп и со други 31 село. Сепак, градот ја добил неговата денешна форма со доаѓањето на Власите од Москополе и Мијаците од околината, во текот на XVIII век. Заедно со Власите во Крушево дошле и поголем број православни Албанци, кои во текот на историјата се повлашиле.

 
Опис на патувањето:
  • Поаѓање во 07:00 (06:45 собирање на група на паркинг пред пошта на железничка).
  • Предвидено време за пристигнување во Крушево околу 09-10 часот.
  • Слободно време за индивидуални активности, прошетка и разглед. 
  • Тргнување за Скопје во 16:00 часот
 
Програмата вклучува:
  • Превоз на дадената релација.
  • Организација и водство на патувањетo.

Програмата не вклучува:
  • Индивидуални трошоци
 
Цена:1000 денари