28.03-30.03.2025

Издлабен во карпа, издигнат над рајска шума, на надморска височина од 900 метри е домот на големиот чудотворец, Василиј Острошки, манастир кој секојдневно е прибежиште на илјадници верници кои трагаат по мир, здравје и чуда. Верници од сите краишта, од сите вери, од деца до стари, го посетуваат овој манастир, посветен на еден од најголемите светци во православната вера. Манастирот Свети Василиј Острошки датира од 17 век и е сместен во карпест крај во Црна Гора, помеѓу Никшиќ и Подгорица.  Ова свето место во текот на целата година е најпосетено светилиште во Црна Гора, а после Христовиот гроб и Светата гора, ова е третото најпосетено светилиште во христијанскиот свет. Што уште повеќе говори дека чудата на овој светец се вистински.

Опис на патувањето:

1.ден  Поаѓање (петок спрема сабота) во 00:00 пред пошта на Железничка, собирање на група 23:45. Ноќно возење преку Косово и Албанија со попатни паузи за цариснки формалности и одмор.
2.ден  Пристигнување на Острошки манастир утрото.
По пристигнувањето по желба искачување до манастирот  или трансфер со локален минибус. Слободно време за разглед на манастирот и слободни активности. Ноќевање во конак или во дворот на манастирот.
3. ден  По утринската литургија го напуштаме манастирот и патувањето го продолжуваме кон Будва. Слободно време за индивидуална прошетка и разглед низ Будва. Во попладневните часови поаѓање за Скопје. 

Понудата вклучува:
  • Превоз на наведената релација
  • Организација и водство на патувањето
  • Посета на Острошки манастир
  • Посета на Будва

Понудата не вклучува:
  • Туристичка такса за Острошки манастир 1 евро по лице ( се плаќа во автобус )
  • Трансфер до Горниот манастир со локално комбе (1€ по лице)
  • Патничко осигурување
  • Ноќевање во долниот конак (5€ по лице)
  • Нокевање во горниот конак е бесплатно доколку има слободни места кои се проверуваат по пристигнување во манастирот

ЦЕНА: 1800 денари.