Тоскана многумина ја сметаат за најубавиот дел од Апенинскиот Полуостров поради нејзините 120 заштитени зони со бајковита природа, прекрасни селца, а најмногу поради градовите со исклучителна архитектура, меѓу кои најпознати се Фиренца, Пиза, Сиена, Сан Џимињано и Лука кои се прогласени за дел од светското културно наследство и се под заштита на УНЕСКО.
Со величествената Фиренца, својата престолнина и најпознатиот симбол, Тоскана е колевка на ренесансата, на нејзиното тло од 14-16 век се раѓале нови филозофски и научни мисли, а на основите на античката култура се создале врвни книжевни, сликарски и вајарски градетелски дека кои влијаеле на уметничкиот и општествениот препород на многу европски земји. Тука престојувале најславните уметници на тоа време: Данте, Петрарка, Бокача, Фра Анџелија, Ботичели, Микеланџело, Леонардо да Винчи…
РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 209евра
*Аранжманот е од туристички карактер со цел да се посетат сите предвидени места во програмата
Цената на аранжманот вклучува:
- 3 ноќевања во хотел 3* со појадок во Монтекатини,
- Автобуски превоз на дадената релација
- Бесплатен трансфер од Битола, Прилеп, Црна Река (Сирково) и Велес
- Посета на Болоња
- Организација со професионален туристички придружник на патувањето
Цената на аранжманот не вклучува:
- Посета на Сиена и Сан Џимињано (трансфер, водич) – 50€
- Целодневен излет на Cinque Terre (трансфер, CinqueTerre card – воз до 5-те места, користење на wi-fi , трансфер од железничка до центар на Ла Специја, водич ) и посета на Пиза – 50€
- Посета на Фиренца – 30€ ЗАДОЛЖИТЕЛНА ФАКУЛТАТИВА
- Туристичка такса во хотел во Монтекатини (3€ на ден по лице)
- Патничко здравствено осигурување 300ден
- Индивидуални трошоци (влезници за објекти…)
Специјален пакет на факултативи со 10 евра попуст (наместо 130 евра) по цена од 120 евра по лице – ЗАДОЛЖИТЕЛНА РЕЗЕРВАЦИЈА
НАПОМЕНИ:
- За single соба се доплаќа дополнителни 70% од аранжманот
- Дете до 11,99 со двајца возрасни плаќа 80% од аранжманот
- Во случај на еден возрасен и едно дете до 11,99г детето плаќа 100%
- За реализација на аранжманот потребен е миниум од 40 патници во спротивно организаторот може да ја откаже турата до пет дена пред тргнувањето
- За резервација задолжителна е уплата од 30% од вкупната сума и доплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
- За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност мин. месеци од денот на патувањето. За ова патување валидни се само пасошите на кои пишува "Република Северна Македонија".
- Доколку патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)
- Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.
- Во случај на недоволен број на патници/промена на работни саати на локалот којшто е предвиден да се посетува организаторот смее да направи промена или отказ на факултативите на лице место
- За овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ и Мтс Травел Сервис