15.04-17.04

Метеорите се наречени Карпи во воздухот, кои се едни од најголемите православни комплекси во Грција. Тие се сместени над гратчето Каламбака. Град кој е препознатлив по бројните тесни улички, ниски куќички, кафулиња, како и многубројните продавници со икони.  Шесте воодушевувачки манастири се изградени на природни столбови од песочен камен. Околината на овие столбови била населена уште пред 50000 години, а некаде во 9 век, една група на монаси се преселила на древните столбови.Монасите најпрво живееле во дупките на карпите, а подоцна некаде околу 12 век почнале да се градат манастирите. Просечната висина на карпите е 313 метри, и до горе се стигнува само со помош на кошници и систем од јажина. Денес од шесте манастири, пет се машки и еден е женски.
 
 
Опис на патувањето:
1. ден 15.04
  • Поаѓање од паркинг кај хотел Вип, наспроти East Gate, во 07:00 часот (собирање на група 06:45 ч.). Патувањето води кон граничен премин Богородица. Пауза за царински формалности и одмор. Пристигнување во Солун. Слободно време за прошетка и разглед. Во 14:00 поаѓање за Паралија. Сместување во апартмани. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање. 
2. ден 16.04 ( Велигден)
  • Во утринските часови поаѓање од Паралија кон Метеори. Посета на работилницата за икони во Каламбака. По посетата на работилницата за икони групата се упатува кон манастирот голем Метеорон. Слободно време за прошетка и разглед на манастирот. Во договорено време со групата се упатуваме кон Каламбака. Пауза за ручек. По паузата групата се упатува кон посета на црквата Агија Параскеви во долината Темби. Враќање во Паралија. Ноќевање.
3. ден 17.04  
  • Напуштање на апартманите. Слободно време за прошетка низ Паралија. Во 16:00 часот поаѓање за Македонија

Понудата вклучува:
  • Посета на Солун.
  • Посета на комплексот манастири во Грција - Метеори
  • Посета на работилницата за икони во Каламбака
  • Посета на црката Св. Петка
  • Превоз на наведените локации
  • Организација и водство на патувањето

Понудата не вклучува:
  • Влезница од 3 евра во манастирот Голем Метеорон

Цена: 3950 денари

 

 
ОПШТИ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ:
  • Организатор на патувањето е Мтс Травел Сервис.
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници, организаторот го задржува правото да го откаже во целост патувањето 2 дена пред да започне истото.
  • Организаторот на патувањето не е одговорен за подолгите задржувања на граница и гужвите во сообраќајот кои претходно неможат да бидат предвидени.
  • Организаторот на патувањето не е одговорен за временските услови во текот на патувањето како и во местото за посета.
  • Во случај на отказ патникот е должен да плати:
  • За отказ до 2 дена пред поаѓање се задржува износ од 90 % од цената на аранжманот
  • За отказ од 3 до 5 дена пред поаѓање се задржува износ од 70 % од цената на аранжманот
  • За отказ од 6-15 дена пред поаѓање се задржува износ од 50 % од цената на аранжманот
  • За отказ преку 15 дена пред поаѓање  се задржува износ од 10 % од цената на аранжманот 
  • Организаторот на патувањето не одговара и не надоместува материјална штета доколку патната исправа или лична карта е истечена или заборавена.
  • Организаторот на патувањето не одговара и не надоместува штета за изгубен багаж.
  • Примателот на услугата е должен да ги почитува правилата издадени од страна на возачот и водичот за однесувањето во автобусот.
  • Организаторот на патувањето не одговара за доцнењето на патниците, и не е  должен да ги чека истите.
  • Со уплата Вие во целост сте согласни со горенаведените Општи услови.