24.05-26.05

Паралија е сместена во прегратките на планината на 12-те богови-Олимп. Паралија е идеално место за сите оние кои што сакаат да уживаат 
во пријатната медитеранска клима и убавата и долга плажа. Долж шеталиштето во Паралија ќе имате можност да уживате во локалните продавници, но исто така ќе имате можност да уживате во бројните таверни, барови, ресторани и ноќни клубови кои што само ја дополнуваат туристичката понуда на ова место. 

 
Програма:
  • Тргнување на 24.05 (петок) од паркингот наспроти скопски саем кај хотел вип во 07:00 часот (собирање на група 06:45)
  • Предвидено време за пристигнување во Паралија во 11:00 часот. Сместување. Слободно време.
  • Тргнување за Македонија на 26.05 ( недела ) во попладневните часови.

Програмата вклучува:
  • две ноќевања во Паралија 
  • превоз на наведената релација
  • организација и водтсво на патувањето.
 
Цена: 3950  денари