social image
Ртањ  претставува феномен кој од година во година привлекува се поголем број туристи, авантуристи, планинари, но и научници. Секој кој барем еднаш ја посетил оваа планина, тврди дека воздухот тука поинаку мириса и дека природата има несекојдневна убавина. Многумина говорат и за позитивната енергија која ја почувствувале престојувајќи тука. Ртањ е познат и по ендемските билки кои растат на неговите падини и кои се заштитени со закон. Најпознат е Ртањскиот чај (Saturea montana) кој има многубројни лековити својства. На ртањскиот врв – Шиљак (1.565 m), како симболот на планината, се наоѓаат остатоците од некогашната црква Св. Ѓорѓи. Оваа црква е изградена во 1935-та година, од страна на Грета, сопруга на сопственикот на рудникот „Ртањ“ Јулиус Минх, во знак на неговото сеќавање и со помош на 1000 работници. Денешниот изглед го должи на трагачи по златото кои ја рушеле во повеќе наврати. 

Сокобања се наоѓа во централниот дел на југоисточна Србија, во истоимената котлина на надморка височина од 400 метри и од сите страни е јасно ограничена со планини.Низ Сокобања тече реката Моравица. Главни карактеристики на ова подрачје се топли лета и ладни, остри зими.
Сокобања е климатско лекувалиште, односно воздушна бања, бидејќи во околината нема ниеден загадувач на воздухот. Освен тоа, за Сокобања е карактеристичен воздухот богат со негативни јони.Местото поседува шест термоминерални извори кои се користат во лечење на различни заболувања. Температурата на водата е од 28 до 45 степени.Овие извори се погодни и за превенција од заболувања, па во последните години се повеќе туристи доаѓаат за одмор и рекреација.
Погодната клима, богатството од термоминерални извори и богатата културно историска традиција на ова место се главни мотиви кои од година во година привлекуваат се поголем број на туристи и благодарение на нив Сокобања денес е едно од најпосетените туристички места во Србија.

 
 Бованско Езеро е езеро што се наоѓа на Сокобањска Моравица во близина на Бован помеѓу Сокобања и Алексинац. Езерото е вештачка акумулација создадена со изградба на брана во 1978 година, во системот на регулација на сливот на Морава и хидроцентралата Ѓердап со задача да ги чува наносите на ридско-планинските реки, а истовремено да акумулира големи количини вода.
Езерото е оддалечено 14 километри од Алексинац, а 9 од Сокобања и се наоѓа на регионалниот пат Алексинац-Сокобања-Књажевац.

 

 

Опис на патувањето:
  • Тргнување од паркинг кај Вип Хотел, наспроти Скопски Саем, во 05:00 часот (собирање на група 04:45 ч.) Попатна пауза на Предејане половина час.
  • Предвидено време за пристигнување во Ртањ околу 09:00 часот.
  • По посетата се упатуваме кон Соко бања,Посета на турскиот амам.
  • Во договор со групата се упатуваме кон Бованско езеро.Слободно време за индивидуална прошетка.
  • Во попладневните часови тргнување за Скопје.
Понудата вклучува:
  • Превоз на наведената локација.
  • Организација и водство на патувањето.
Понудата не вклучува:
  • Индивидуални трошоци 
  • Влезници за користење на услугите на турскиот амам.

Цена: 1500 денари

 

 
ОПШТИ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ:
  • Организатор на патувањето е Мтс Травел Сервис.
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници, организаторот го задржува правото да го откаже во целост патувањето 2 дена пред да започне истото.
  • Организаторот на патувањето не е одговорен за подолгите задржувања на граница и гужвите во сообраќајот кои претходно неможат да бидат предвидени.
  • Организаторот на патувањето не е одговорен за временските услови во текот на патувањето како и во местото за посета.
  • Во случај на отказ патникот е должен да плати:
  • За отказ до 2 дена пред поаѓање се задржува износ од 90 % од цената на аранжманот
  • За отказ од 3 до 5 дена пред поаѓање се задржува износ од 70 % од цената на аранжманот
  • За отказ од 6-15 дена пред поаѓање се задржува износ од 50 % од цената на аранжманот
  • За отказ преку 15 дена пред поаѓање  се задржува износ од 10 % од цената на аранжманот 
  • Организаторот на патувањето не одговара и не надоместува материјална штета доколку патната исправа или лична карта е истечена или заборавена.
  • Организаторот на патувањето не одговара и не надоместува штета за изгубен багаж.
  • Примателот на услугата е должен да ги почитува правилата издадени од страна на возачот и водичот за однесувањето во автобусот.
  • Организаторот на патувањето не одговара за доцнењето на патниците, и не е  должен да ги чека истите.
  • Со уплата Вие во целост сте согласни со горенаведените Општи услови.
го со ваша содржина. Само кликнете врз ова поле и додадете свој текст.