08.12.2019

Звуците на божиќните ѕвончиња, мирисот на колачите, кувано вино... се доволен знак дека Нова Година и Божиќ ни се на прагот. Доволно е да се препуштите и да уживате во Божиќната магија. Загреб за време на одржувањето на Божиќниот маркет ќе ви понуди многу случувања и манифестации, а ќе ги задоволи очекувањата и на оние кои не веруват во тоа. Забава, добра храна, кувано вино, разни манифестации за сите возрасти ќе ве чекаат на улиците на овој град. Леден град, Божиќен базар на Европскиот плоштад, Божиќна бајка, филмска магија , и уште многу изненадувања ве очекуваат при посетата на Загреб.

Опис на патувањето:
  • Собирање на групата на 07.12 ( сабота) во 20:45 ч. на паркингот наспроти скопски саем, кај хотел вип. Поаѓање за Загреб 21:00.
  • Ноќно возење со попатни паузи за царински формалности и одмор.
  • Предвидено време за пристигнување во Загреб во утринските часови.
  • Слободно време за индивидуални активности и  Божиќно уживање во  центарот на Загреб.
  • Настани на Божичниот базар ( Леден град, Божиќен базар на Европскиот плоштад, Божиќна бајка, филмска магија. Божиќен базар на горниот дел од Загреб, Божиќен базар во тунел)
  • Враќање за Скопје во вечерните часови.

Цена: 2000  денари