08.10-12.10

Истанбул! Местото што ги исполнува сите желби на светот и ви ги отвора портите кон непроценлива убавина, историја, шопинг и флерт на два континенти.

1 ден 08.10.2020  СКОПЈЕ - ИСТАНБУЛ
  • Состанок на групата на спортски центар Борис Трајковски  во 15:00 ч. Поаѓање за Истанбул во 15:30 h. Се патува преку граничниот премин Деве Баир  и низ Бугарија. Ноќно возење со попатни паузи.    
 
2 ден 09.10.2020  ИСТАНБУЛ
  • Пристигнување во Истанбул во утринските часови.  Можност за сместување и краток одмор, доколку собите се слободни, а ако не се, после првиот излет се сместуваме.  
ОТОМАНСКИ И ВИЗАНТИСКИ ИСТАНБУЛ: Ве водиме во славното и бурно минато на Османлиското царство: со локален водич ќе ја разгледаме познатата  црква АЈА СОФИЈА , ќе влеземе во најпознатата султанска палата во светот - Топ Капи Палатата и ќе го видиме Султанскиот Харем . Потоа ќе се воодушевуваме на големината на Сината џамија, Султан Ахмед плоштадот и Византискиот хиподром. Можност да се посети и Подземната византиска цистерна каде се чувала водата за пиење од каде градот бил снабдуван со вода. Пешки продолжуваме до Капали чаршија каде го завршуваме програмот. Краток одмор во хотел.
WATERGARDEN & EMAAR SQUARE MALL : Во вечерните часови ве водиме во најновиот монденски трговски центар . Еден нов вкус на животот, сконцентриран околу прекрасниот  базен со фонтани. Ексклузивна кореографија на играта на водата, светлоста, ласерот, музиката – огнено шоу. Се тоа надополнето со многу ресторани и кафетерии, забавни паркови, кина.... во срцето на Аташехир, дел од Истанбул , на Азиската страна, отворен во 2017 г. Враќање во хотел. Ноќевање.
 
3 ден 10.10.2020  ИСТАНБУЛ 
  • Појадок.  Продолжуваме со 4 нови приказни за Истанбул од 1001 ноќ:
ДОЛМА БАXЧЕ ПАЛАТА:  Посета на најбогатата, најубавата и последната султанска палата, на обалата на Босфор. Резиденција на Султаните од 1853 г. до 1922 г. Тука престојувал и починал  основачот на денешна модерна Турција, Мустафа Кемал Ататурк. Го посетуваме Резиденционалниот дел од Палатата.
ЕВРОПСКИ И АЗИСКИ ИСТАНБУЛ:  Панорамско разгледување на градот со автобус:  Римскиот Аквадукт, Бејоглу, Пера Палас хотелот (каде Агата Кристи го напишала светски познатиот роман Ориент Експрес),   стадионот на  ФК Бешикташ, Галата мостот. Ќе го видите најголемиот и  најпознат мост во Истанбул, над Босфор, граден по пример на Голден Гејт мостот во Сан Франциско, кој не води во Азија.Го посетуваме најубавиот дел дел од градот - Бејлербеи каде ќе имате можност да се прошетате и да пиете кафе  покрај Босфор. Потоа ве водиме во местото Ускудар за да ја видите познатата џамија на Михримах Султан.
САФИР – облакодер: Највисоката зграда во Европа, 236 м. Висока со прекрасна тераса-видоковец од последниот спрат од Истанбул го гледате како на дланка. Единствена можност да тука се вклучите во SkyRide -4D неверојатно доживување на симулација на лет со хелихоптер над Истанбул.
ОРИЕНТАЛНА НОЌНА ПРОГРАМА:  Прекрасна можност да уживаме во Ориенталните  народни игри и песни, секако и на стомачниот танц. Шоуто го проследуваме со вечера и пијалок.
 Ноќевање.
 
4 ден 11.10.2020   СУЛТАНСКИ ИСТАНБУЛ  
  • Појадок.  Работите се оставаат во автобус. Магијата од 1001 ноќ продолжува.
КРСТАРЕЊЕ ПО БОСФОР: Заминуваме на прекрасно и возбудливо крстарење по БОСФОР со приватен брод и водич: тврдината Румели Хисар, “Beyler beyi”  палатата... Ќе уживате во прекрасниот  поглед на раскошните палати на светски познатите политичари и бизнисмени ( Тансу Чилер...),  Kiskulesi (Моминската кула) , Султанската палата Чираган ... палатите од Турските ТВ серии... 
ТАКСИМ:  Слободно време за шопинг на Таксим плоштадот каде се наоѓа познатата пешачка улица Истиклал низ која поминува  црвениот носталгичен транвај.
ФОРУМ:  Напуштајќи го Истанбул, го посетуваме големиот шопинг центар Форум. Во самиот центар се наоѓа и големиот Аквариум кој може да се посети.  Во попладневните /вечерни часови заминуваме за Скопје. Ноќно возење преку Бугарија.
 
5 ден 12.10.2020  СКОПЈЕ
Пристигнување во Скопје во попладневните часови.
 
Понудата вклучува:
  • Превоз со високотуристички автобус на релација Скопје – Истанбул - Скопје
  • Сместување во хотел 3* / 4*  / 2 НП
  • Отомански и Византиски Истанбул излет: Аја Софија- бесплатен влез, Хиподром, Сината џамија-бесплатен влез, Kaпали чаршија.
  • Посета на Таксим 
  • Професионален туристички пратител 
  • Професионален локален туристички водич
   
Понудата не вклучува:
  • Факултативни излети,влезници,метро карти:
  • Европски и Азиски Истанбул – 15 евра
  • Watergarden & Emaar square mall: 15 евра
  • Крстарење по Босфор – 20 евра
  • Посета на Долма Бахче сарајот со локален водич, превоз со автобус и влезница во палатата   (Резиденционален дел) – 25 евра
  • Влезници за  музеите со локален водич: 
  • Топ Капи Палата – 15 евра
  • Харемот во Топ Капи – 10 евра
  • Вечера во ориентален ресторан со стомачни танци – 35 евра
  • Сафир Тераса: превоз+лифт+4Д : 25 евра
  • Патничко осигурување 300 мкд.
  • Доплата за еднокреветна соба 40 евра /*** 50 евра / ****

Цена на аранжманот за хотел со 3* за уплата до 19.09- 79 евра
Цена на аранжманот за хотел со 4* за уплата до 19.09-89 евра

Редовна цена на аранжманот е 89/99 евра
                                                    

 
 
НАПОМЕНИ:
  • Организатор на патувањето е Мтс Травел Сервис.
  • За резервација задолжителна е уплата на аванс од 30 % од вкупниот износ
  • Целосна доплата 10 дена пред патување 
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници, организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот.
  • Валидноста на патните исправи се обврска на патниците при уплата на резервација да се проверат дали патната исправа е валидна минимум 6 месеци по завршивањето на аранжманот.
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот. 
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите.
  • Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример, задржување на граница, гужва во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и слично.
  • За неисправна патна исправа, задоцнување, загубен багаж и откажување на патувањето или промена, агенцијата не одговара и не надокнадува материјална одштета.
  •