31.10-01.11

1 ден. сабота
  • Поаѓање во 07:00 часот од паркинг карши саем кај хотел Вип ( собирање на групата 06:45 ). Прво застанување во Тетово во посета на Шарена џамија ( задржување 45 минути). По посетата групата се упатува кон Вруток во посета на изворите. ( задржување 45 минути ). По посетата на Вруток, групата се упатува кон Бигорски манастир. Посета и разглед на манастирот. ( задржување 2 часа). По посетата на Бигорски манастир групата се упатува кон Рајчица. Посета и разглед на манастирот ( задржување 45 мин ). По посетата групата се упатува кон Вевчани. Посета на изворите. Индивидуално време за факултативен ручек во Вевчани. По посетата на Вевчани групата се упатува кон Струга. Посета на манастирот во Калишта ( задржување 1 час ). По посетата грпата се упатува кон Охрид. Сместување во хотел . Вечера. Ноќевање.

2. ден недела
  • Појадок. По појадокот група има пешачка тура со посета на куќата на Робевци, црквата Св. Софија, Антички театар, Самоилова тврдина, Св. Клименти и Пантелејмон Плаошник и св Јован Канео. По пешачката тура групата оди на крстарење со брод до манастирот Св. Наум. Во текот на крстарењето ќе имате можност да уживате во убавините на Охридското езеро, црквата  Св. Заум, како и бескрајното синило на македонскиот Сен Тропе- Трпејца. Пристигнување во манастирот.  Разглед на манастирот и слободно време за индивидуални активности. Во вечерните часови поаѓање за Скопје. 


Понудата вклучува:
  • 1 ноќевање со појадок и вечера во хотел во Охрид
  • посета на шарена џамија во Тетово
  • посета на Вруток
  • посета на Бигорски манастир
  • посета на женски манастир во Рајчица
  • посета на Вевчански извори
  • пешачка тура низ Охрид со лиценциран туристички водич
  • крстарење со брод до Св. Наум
  • посета на манастирот Св. Наум
  • превоз на наведената релација
  • организација и водство на патувањето

Понудата не вклучува:
  • влезници за културно историски споменици
  • Куќа на Робевци-100 денари
  • Самоилова тврдина-50 денари
  • Залив на коските-100 денари 
  • индивидуални трошоци
 
Цена: 3000 денари по лице 
За ова патување може да извршите плаќање со ваучерот ДОМА СИ Е ДОМА. 
 
 
ОПШТИ НАПОМЕНИ:
  • Организатор на патувањето е Мтс Травел Сервис.
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници, организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 3 дена пред датумот на започнување на истиот.
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот. 
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите.
  • Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример, задржување на граница, гужва во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и слично.
  • За неисправна патна исправа, задоцнување, загубен багаж и откажување на патувањето или промена, агенцијата не одговара и не надокнадува материјална одштета.
  • Патувањето се одвива според нови пропишани протоколи за работа со туристички групи. Патниците се должни во секое време да внимаваат на својата и безбедноста на сите во групата, како и да ги почитуваат дадените насоки и препораки за однесување во автобус од страна на организаторот. 
  • Доколку дојде до непредвидена виша сила за нереализирање на патувањето, поради новонастанатаите ситуации кои агенцијата не може да ги предвиди уплатените средстав ќе се вратат на клиентот.
  • Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација ,а дојде до откажување од страна на патникот тогаш откажувањето ќе се реализира согласно општите услови за патување.