01.10.2022

Сокобања се наоѓа во централниот дел на југоисточна Србија, во истоимената котлина на надморка височина од 400 метри и од сите страни е јасно ограничена со планини.Низ Сокобања тече реката Моравица. Главни карактеристики на ова подрачје се топли лета и ладни, остри зими.
Сокобања е климатско лекувалиште, односно воздушна бања, бидејќи во околината нема ниеден загадувач на воздухот. Освен тоа, за Сокобања е карактеристичен воздухот богат со негативни јони.Местото поседува шест термоминерални извори кои се користат во лечење на различни заболувања. Температурата на водата е од 28 до 45 степени.Овие извори се погодни и за превенција од заболувања, па во последните години се повеќе туристи доаѓаат за одмор и рекреација.
Погодната клима, богатството од термоминерални извори и богатата културно историска традиција на ова место се главни мотиви кои од година во година привлекуваат се поголем број на туристи и благодарение на нив Сокобања денес е едно од најпосетените туристички места во Србија.

 
Опис на патувањето:
  • Тргнување од паркингот кај Вип хотел во 06:30  часот. Состанок на групата во 06:15 часот.
  • Се патува преку граничен премин Табановце, со кратки попатни паузи за царински формалности и одмор.
  • Пристигнување во Соко Бања. Слободно време за користење на базените. ( доплата на лице место )
  • Тргнување за Скопје во 17:00 часот.
 
Понудата вклучува
  • Превоз на наведената релација
  • Посета на Соко Бања
  • Организација и водство на патувањето

Понудата не вклучува:
  • Индивидуални трошоци 
  • Влезници за културно историски споменици
 
Цена: 1200  денари

ОПШТИ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ:
  • Организатор на патувањето е Мтс Травел Сервис.
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници, организаторот го задржува правото да го откаже во целост патувањето 2 дена пред да започне истото.
  • Организаторот на патувањето не е одговорен за подолгите задржувања на граница и гужвите во сообраќајот кои претходно неможат да бидат предвидени.
  • Организаторот на патувањето не е одговорен за временските услови во текот на патувањето како и во местото за посета.
  • Во случај на отказ патникот е должен да плати:
  • За отказ до 2 дена пред поаѓање се задржува износ од 90 % од цената на аранжманот
  • За отказ од 3 до 5 дена пред поаѓање се задржува износ од 70 % од цената на аранжманот
  • За отказ од 6-15 дена пред поаѓање се задржува износ од 50 % од цената на аранжманот
  • За отказ преку 15 дена пред поаѓање  се задржува износ од 10 % од цената на аранжманот 
  • Организаторот на патувањето не одговара и не надоместува материјална штета доколку патната исправа или лична карта е истечена или заборавена.
  • Организаторот на патувањето не одговара и не надоместува штета за изгубен багаж.
  • Примателот на услугата е должен да ги почитува правилата издадени од страна на возачот и водичот за однесувањето во автобусот.
  • Организаторот на патувањето не одговара за доцнењето на патниците, и не е  должен да ги чека истите.
  • Со уплатата Вие во целост сте согласни со горенаведените Општи услови.